Дерозен се врати по две недели изолација и блесна, по 14 порази конечно и Детроит победи

Детроит конечно се израдува на победа. По 14 порази во низа, Пистонс на свој терен со 100:90 славеше над Мајами. Садик Беј со 26 поени беше лидер на домашниот тим. Клучна на мечот беше третата четвртина, кога домаќините стигнаа до двоцифрена разлика (75:64), па и покрај тоа што Жешките во финишот намалија само на пет негатива, Детроит не дозволи да прокоцка шанса да победи првпат по пауза од над еден месец. За Детроит ова е само петта победа сезонава во 29 натпревари.

Демар Дерозен „одлежа“ две недели во изолација поради позитивен тест на корона-висуот и се врати на теренот, а ѕвездата на Чикаго покажа дека паузата од 14 дена не оставила никаква трага во неговата игра. Дерозен едноставно беше незадржлив и со 38 поени ги предводеше Биковите до победа над Лос Анџелес лејкерс.

Поради коронвирусот, ноќеска беа одложени дуелите Атланта – Кливенд и Бруклин – Денвер, а и во следните неколку дена ќе има дуели кои нема да се играат поради опасниот вирус.

Резултати: Детроит – Мајами 100:90, Мемфис – Портланд 100:105, Сакраменто – Сан Антонио 121:114, Чикаго – ЛА лејкерс 115:110, Минесота – Далас 111:105, Феникс – Шарлот 137:106.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести