Леле луѓе, поминаа десет години од најважната победа во историјата на македонскиот спорт (Видео)

На 14 септември 2011 година се навршуваат точно 10 години од историскиот успех на македонската кошаркарска репрезентација, победата над домашната Литванија на Евробаскетот, со што беше обезбеден пласман во полуфиналето на Европското првенство. Ова полуфинале е највисок дострел на една македонска репрезентација во кој било од екипните олимписки спортови.

Таа победа над Литванците е едно од најголемите изненадување во поновата историја на Евробаскетите. Херои имаше повеќе, а завршниот удар на противникот му го зададе Владо Илиевски со тројка за пресврт на 11 секунди пред крајот. Тимот на селекторот Марин Докузовски прослави победа со неколку стотини наши навивачи во Каунас, а илјадници луѓе излегоа на плоштадите низ Македонија да слават.

Сите бевме горди на нашите најдобри кошаркари, цела Европа зборуваше за кошаркарска Македонија, за Мекејлеб, за Антиќ, за Илиевски, за Стојановски и останатите.

За жал, таа еуфорија одамна е спласната, кошарката кај нас е падната на ниски гранки. Тогаш бевме четврти во Европа, сегашноста не ни е розова. Македонија сега не успева ниту да се пласира на Европско првенство на коешто играат 24 репрезентации. Последен пат на ЕП се појавивме во 2015 година, а и тогаш не ја минавме групната фаза, како ни во 2013 година. Додека не се случи некој нов успех, ни останува само да се сеќаваме на убавите моменти од минатото и да одбележуваме јубилеи.

И ФИБА потсети на сензационалната победа од која помина цела деценија. Потсетување на завршницата од тој незаборавен успех:

- Оглас -

Најнови вести