Десет години од несреќата на Михаел Шумахер, десет години молк и неизвесност за неговата состојба

Помина цела деценија од несреќата на славниот Формула 1 возач Михаел Шумахер, кој ја повреди главата на скијање, а светот не знае во каква состојба е легендарниот Германец бидејќи неговата сопруга Корина го држи далеку од очите на јавноста, има строги правила и само одреди личности имаат дозвола да го видат и притоа не смеат да откријат детали.

Оние кои имале прилика да го видат Шумахер по несреќата, потврдуваат дека тоа не е истиот човек кој светот го познава.

Шумахер, кој во кариерата возеше за Џордан, Бенетон, Ферари и Мерцедес, седум пати беше шампион во 19 сезони и од 307 трки, победи на 91. Кариерата ја заврши во 2012 година.

На 29 декември 2013 скијајќи во Мерибел, Франција, се повреди удирајќи со главата во карпа и половина година беше во кома во болница во Гренобл. Во јуни 2014 година го продолжи лекувањето во Лозана, а три месеци подоцна бил префрлен на домашно лекување.

- Оглас -

Најнови вести