Десет гола и 127.000 луѓе, точно пред 60 години се одигра неповторливото финале (Видео)

За денешни услови изгледа незамисливо да паднат дури 10 гола во финале на Лигата на шампионите и на трибините да се соберат дури 127.000 гледачи, но точно пред 60 години се случи токму тоа. На „Хемпден парк“ во Глазгов, Реал Мадрид во финалето на Купот на европските шампиони го победи Ајнтрахт со 7-3.

На трибините немаше „игла каде да падне“, тогаш немаше седишта, стадионот беше преполн и сите кои беа сведоци на овој неповторлив меч, имаа со што да се пофалат. Алфредо ди Стефано (даде три гола) и Ференц Пушкаш (стрелец на четири погодоци) беа творци на триумфот на Реал, кој таа година дојде до својата петта европска титула по ред.

Интересно е што за десетте гола беа потребни само 57 минути игра. Ајнтрахт поведе во 18-тата минута, а голгетерскиот спектакл финишираше во 75-тата, кога Германците намалија на 3-7. Штета што во последните 15 минути не падна гол, па рекордот, кој и онака важи и до денеска и веројатно нема да биде урнат уште долго, ќе беше уште поневеројатен.

Погледнете ги сите погодоци од историското финале во Глазгов:

- Оглас -

Најнови вести