Десетина минути за Елмас, Фенербахче конечно победи

Фенербахче со 3-2 го совлада Јени Малатијаспор во 19-тото коло од турската Суперлига. Избраниците на Ерсун Јанал конечно се израдуваа на победа по шест последователни негативни резултати во шампионатот, па со овие три бода излегоа од црвената зона на табелата. Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас ги одигра последните десетина минути од средбата на „Шукру Сарачоглу“,  во 81-та минута влезе на местото на Андре Ају.

Домаќините до водство стигнаа со голот на Екичи само по две минути игра, а Јени израмни преку Мина Меза во 28-мата минута. Екичи одново му донесе предност на својот тим во првото полувреме, но пред паузата, и гостите постигнаа гол за 2-2.

Играчот за врска на „фенерите“ можеше да комплетира хет-трик, меѓутоа утна од белата точка во 61-вата минута, додека трите бода ги осигури Топал во 86-тата минута.

Фенербахче сега има 20 бода по 19 меча во турскиот шампионат, односно само два бода повеќе од екипите кои засега се во зоната за испаѓање.

 

- Оглас -

Најнови вести