Десетка за капитенот – Несторовски се распука во вистински момент (Видео)

Илија Несторовски ја прослави десетката во Серија Б, а се распука во вистински период за Палермо. Капитенот погоди во 19. минута на дуелот со Козенца, а со неговиот десетти гол сезонава клубот од Сицилија води со 1:0 на гостински терен.

Популарниот Нестор-гол двапати ја тресеше мрежата во претходното коло против Карпи што е знак дека е во топ-форма, а кога тој игра и погодува Палермо нема многу мака да победува.

Несторовски втора сезона по ред е најдобар стрелец на клубот, чиј капитен е, а Палермо бие битка за директен пласман во Серија А.

Денеска по долг период од почеток на мечот во стартниот состав заедено се Несторовски и Александар Трајковски, македонскиот тандем репрезентативци во Палермо.

- Оглас -

Најнови вести