Десеткуваниот ПСЖ нема лесно да помине против Данските доги

1732 Лил – ПСЖ (20ч, француски Суперкуп)

Нема да биде изненадување доколку ПСЖ го загуби првиот трофеј во новата сезона, иако е фаворит против актулениот француски првак Лил во Суперкупот. Тимот на Покетино е значително ослабен за овој меч, не играат првите две ѕвезди Мбапе и Нејмар, како и капитенот Маркињос, а од новите засилувања недостасуваат Рамос и Донарума.

Затоа Данските доги се надеваат дека може да го разочараат парискиот гигант. Минатата сезона двете екипи поделија по еден триумф и еднаш ремизираа, а гостинската победа на Лил беше најава за освојување на титулата по една деценија пауза.

Во последните пет меѓусебни дуели победникот не примил гол, време е да се сменат нештата.

Предлог тип: ГГ3+ (2.35)

 

3144 Динамо Загреб – Риека (21ч, хрватско првенство)

Хрватското дерби е посебно и за македонската спортска јавност од причини што Адеми и Ристовски ќе го пречекаат Велковски на „Максимир“.

Риека е во подобра форма со седум победи во низа и во случај да изненадат во Загреб ќе бидат лидери во шампионатот по првите три кола со максимални девет бода. Модрите пак стартуваа со пораз во одбрана на титулата, но ја вратија формата со три победи во низа и гол-разлика од 7-0.

Билансот од по две победи и едно реми во последните пет меѓусебни дуели најавува неизвесна пресметка во главниот хрватски град.

Предлог тип: 1X & 2-4 (1.75)

 

1662 Гент – Бершот (18:30ч, белгиско првенство)

Двете екипи трагаат по прва победа откако загубија во воведното коло од новата сезона, а Гент како домаќин и фаворит има поголеми шанси да стигне до првите три бода.

Бершот минатата сезона имаше негативен биланс во гостинските натпревари со 7 победии 9 порази, односно само едно реми, што значи дека мали се шансите за вечерва да се делат бодовите. Гент доби три од вкупно четири меѓусебни дуели, а како домаќин лани славеше со убедливи 5-1.

Предлог тип: 1 & 0-4 (1.87)

 

3408 Бохемијанс 1095 – Плзен (19ч, чешко првенство)

Третиот најтрофеен чешки клуб ќе се обиде да продолжи со доминатната серија против Бохемијанс на четири победи во низа, односно да биде петта во последните шест меѓусебни средби. Плзен воедно треба да ја одржи серијата без пораз на 12 меча која почна на крајот од минатата сезона, што не е добра вест за домаќините кои новата сезона ја отворија со реми.

Последен пат двете екипи одиграа меч без голови пред точно три години, а минатата сезона Плзен запиша двоен триумф со 4-1 и 3-1, како најава дека мрежите нема да мируваат вечерва.

Предлог тип: X2 & 1+ прво (2.30)

 

6704 Арсенал – Челзи (16ч, пријателски меч)

Градското дерби треба да биде најава дека во новата сезона Арсенал и Челзи ќе приредат возбудливи дуели, како по обичај. Топчиите се во добра серија од три победи во низа над европскиот првак, од кои еден го запишаа на „Стемфорд бриџ“ во мај годинава, првпат од сезоната 2011/12.

Арсенал тогаш триумфираше со минимални 1-0, што е најслаб резултат во споредба со претходните четири во кои се одржуваше просек од три погодоци. Тимот на Артета се косолидира по слабиот старт на подготовките, додека Челзи атакува на четврти последователен триумф.

Предлог тип: 4+ (2.55)

- Оглас -

Најнови вести