Десетмина Хрвати се во лов на трофејот во ЛШ, а од 2013 наваму секогаш има Хрват во тимот кој станува европски првак

Има една традиција која трае од 2013 година, а тоа е дека во редовите на европскиот првак секогаш имало Хрват.

Кај 16-те годинешни осминафиналисти во ЛШ, има десетмина Хрвати распоредени во девет тима. Тоа се: Модриќ (Реал М.), Гвардиол (Лајпциг), Муса (Бенфика), Перишиќ (Тотенхем), Брозовиќ (Интер), Ковачиќ (Челзи), Ребиќ (Милан), Станишиќ (Баерн) и Јакиќ и Смолчиќ од Ајнтрахт.

Инаку, оваа шампионска низа почна во 2013 година, кога Марио Манџукиќ се искачи на европскиот трон со Баерн Минхен. Во 2014 година, Модриќ освои титула со Реал, во 2015 година европски првак стана Иван Ракитиќ со Барселона, а потоа три години по ред титула освојуваа Модриќ и Ковачиќ како членови на Реал Мадрид. Во 2019 година европска титула освои Дејан Ловрен како играч на Ливерпул, па Иван Перишиќ со Баерн. Следуваа уште по еднаш Ковачиќ, но сега со Челзи, и лани Модрич со Реал.

- Оглас -

Најнови вести