Дешамп не може да ги заборави навредливите зборови од Бензема

Дидие Дешамп, селекторот на актуелниот светски првак Франција, се наврати на изоставувањето на Карим Бензема од репрезентацијата.

Она што е познато е дека по скандалот со Метју Валбуена, Бензема повеќе од пет години нема играно на репрезентативно ниво, но сепак и навредите кон селекторот се причина што тој не дел од Триколорите, иако со години е меѓу најдобрите голгетери во Европа.

„Ми остави лузна. Никогаш нема да заборавам што ми кажа, дури и тие зборови за избледат со тек на времето. Тоа што ми го кажа Карим ме погоди мене и моето семејство. Уште трпиме последици. Нормално ќе прифатам критика околу тактиката или работата, но Бензема ја прејде границата. Неприфатливи се неговите навреди“, изјави Дешамп.

Имено, Бензема своевремено посочи дека е расист, односно не го селектира во националниот состав бидејќи има потекло од Алжир. Тие наводи натераа одредена група на луѓе да се обидат да извршат физички напад врз семејството на Дешамп, по што селекторот на Франција го тужеше Бензема.

- Оглас -

Најнови вести