Дешамп му одговори на Зидан во врска со „темата Бензема“

Дидие Дешамп не сакаше да му контрира на својот пријател и поранешен соиграч Зинедин Зидан околу изјавата на Зизу дека Карим Бензема е најдобар француски играч и мора да биде во репрезентацијата, туку рече дека работа му е на тренер на Реал Мадрид да зборува позитивно за своите фудбалери.

Дешамп долго време го игнонира Бензема, кој имаше проблем со некои од француските колеги во минатото, и додека тој е селектор, ѕвездата на Реал нема да игра за Галските петли.

„Немам проблем со изјавата на Зидан, тој е тренер на Реал Мадрид, нему работа му е да зборува така“, рече Дешамп, кој и без одличниот Бензема, освои светско првенство и во нападот има квалитетни решенија како Мбапе, Гриезман, Жиру…

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести