Дешамп пред сензационално враќање во Јувентус

Јувентус и оваа сезона не успеа во мисијата да ја освои Лигата на шампиони, но го одбрани тронот во италијанското првенство. По рекорден осуми пат, Старата дама е првак во Серија А, но и покрај овој пехар, тренерот Маимилијано Алегри најави дека ќе си замине по завршување на сезоната.

Од торинскиот гигант засега не откриваат кој би можел да го наследи Алегри, но медиумите во Италија веќе го издвоија Дидие Дешамп како прв фаворит. Некогашниот француски фудбалер, има историја во Торино. Како играч, Дешан го носеше „црно-белиот“ дрес во периодот од 1994 до 1999 година. Во овој период се радуваше на три титули во првенството, но и на толку посакуваниот пехар во Лигата на шампиони.

Потоа и како тренер се врати во Торино и тоа во периодот кога беше најтешко. Го предводеше Јувентус до враќање во Серија А, кога клубот беше казнет да игра во втората лига, поради скандалот со наместени мечеви.

Освен Дешамп, како можни кандидати за клупата на Јувентус се спомнуваат и Маурисио Покетино, Антонио Конте, Маурисио Сари…

- Оглас -

Најнови вести