Десничарот Берлускони „удри“ по странците во Серија А

Силвио Берлускони, поранешниот претседател на Милан и поранешен италијански премиер, ги критикуваше тимовите од Серија А дека купуваат премногу странци.

Контроверзниот Берлускони е познат по своите крајно десничарски ставови и во својот нов клуб, третолигашот Монца, реши да играат само чисти Италијанци. На Силвио му пречи што тимовите во елитното друштво купуваат по 11 странци, чии имиња не може да ги изговори правилно.

Берлускони крена прашина со својата најнова изјава.

„Велат дека моите компании имаат пари на странски сметки и дека парите се вратиле во Италија со продажбата на Милан, но тоа не е вистина. Само будали може да го тврдат тоа. Дали ми недостасува Милан? Малку, но сега ја имам Монца и сакам да направам екипа за пример. Ќе имаме екипа сочинета само од млади италијански фудбалери, без бради, тетоважи и обетки. Сакам играчи кои ќе му се извинат на противникот ако направат фаул, културно да разговараат со судиите. Ќе бидеме спротивност од тимовите во Серија А кои имаат по 11 странци и чии имиња не можам да ги изговорам и никому не даваат пример“, изјави Берлускони.

- Оглас -

Најнови вести