Деспотовски: Време е да покажеме дека поседуваме голем квалитет

Македонската репрезентација за фудбалери до 21. година утре со почеток од 18:00 часот во Јончепинг, Шведска, против домаќинот ја стартува новата квалификациска кампања за пласман на Европско првенство.

Шведска важи за голем фаворит, но мотиви и инспирација не недостасуваат кај нашите млади фудбалери. Стефан Деспотовски, ќе дебитира во квалификациски циклус во репрезентативниот дрес и младиот фудбалер е оптимист.

„Одигравме многу натпревари заедно во подготвителниот период. Имавме простор и време да се запознаеме многу подобро меѓусебно. Го искористивме овој период максимално за да се подобриме, во континуитет растеме и напредуваме и на тактички и на технички план. Подготвени сме за предизвиците што не очекуваат на самиот стар од квалификациите. Долго време го очекувавме и се напорно се подготвувавме за овој момент. Сега е време да покажеме на овие квалификации дека поседуваме голем квалитет. Очекувањата се големи, сакаме да одиграме добри квалификации и да обезбедиме добар пласман. Сигурен сум дека секој од нас ќе го даде максимумот, за да ги оствариме зацртаните цели. Сите заедно ќе се бориме до крај за да оствариме голем успех. На самиот старт од квалификациите играме со многу силни селекции. Добро ги знаеме нашите предности и ќе гледаме да ги искористиме на најдобар можен начин, верувам дека тоа е единствениот начин за остварување на позитивен резултат. Одиме чекор по чекор, моментално сме фокусирани на првиот меч и дуелот со Шведска. Имаме репрезентација која може да им парира на насилните европски селекции. Има одлична атмосфера, комуникација и поддршка помеѓу нас фудбалерите, се тоа што е потребно за создавање на победнички менталитет. Сакам да ја нагласам и одличната соработка што ја имаме со селекторот и неговиот стручен тим. Ги слушаме нивните совети, кои се добронамерни и кои може само да ни помогнат да станеме подобра и поквалитетна репрезентација“ вели дефанзивецот на репрезентацијата на Македонија до 21. година.

- Оглас -

Најнови вести