Детето кое го глумеше Меси во документарен филм постигна гол за Аргентина на СП

Валентино Акуња во 2014 година уште како мало детенце стана популарен во Аргентина откако беше одбран да го глуми Лионел Меси во документарниот филм „Меси“. Акуња беше одбран за да биде „малиот Меси“ поради неговиот талент и дриблинзите што ги има со левата нога.

Како и Меси, така и Акуња е дете од Росарио кое ги помина сите младински категории на Њуел олд бојс, каде што уште е дел од академијата. Младиот Валентино сега има 17 години и е дел од репрезентацијата на Аргентина која настапува на Светското првенство за играчи до 17 години.

Во првото коло Аргентина загуби од Сенегал со 1:2, а потоа славеше над Јапонија со 3:1. Токму на овој меч Акуња го постигна и дебитантскиот гол во репрезентативниот дрес на Гаучисите кога погоди за 2:0.

Едноставно, Акуња не само што пред девет години го глумеше Меси за потребите на документарниот филм, туку и на фудбалскиот терен покажува дека може да биде наследник на легендарниот фудбалер чија кариера е во залезот.

- Оглас -

Најнови вести