Детето порасна: од селфи со идолот, до битка против него за титула на Мастерс!

Кога дозна дека во финалето на Мастерсот во Париз ќе игра против Новак Ѓоковиќ, младиот дански тенисер Холгер Руне, како најава за финалето, го потсети својот денешен противник на едно селфи од пред неколку години.

Ѓоковиќ и Руне имаат играно еднаш меѓусебе, на САД опен, и Србинот победи со 3-1 во сетови.

Руне е тенисер со најголем напредок во 2022 година, се наоѓа на прагот да влезе во Топ 10 на АТП листата, а пофалби за 19-годишиот Руне дојдоа и од Ѓоковиќ.

„Многу добро го познавам Руне, го следам неколку години, а и тренираме заедно на различни подлоги. Многу добро момче е, немам дилеми дека е иднина на тенисот заедно со Алкараз и другите момци. Се надевам дека ќе го одложам неговото прво освојување на Мастерс. Го победив лани во Њујорк, но од тогаш тој многу напредуваше. Малку ме потсетува на мене, има солиден бекхенд, добро се брани, секој поен го игра борбено со срце“ – изјави Ѓоковиќ кој оди по седмата титула на Мастерсот во Париз.

- Оглас -

Најнови вести