Детето се збуни, па им влета на Топчиите во кадар (фото)

Едно дете од маскотите наместо да го напушти теренот, се збуни и им влезе во кадар на играчите на Арсенал кои се наместија за тимска фотографија. Симпатичното дете го привлече вниманието, а воедно си има убав спомен со кој ќе може да им се фали на другарчињата во училиште.

Топчиите инаку гостуваат кај Олимпијакос во првата средба од 1/16-финалето во Лигата на Европа, а по малку повеќе од еден час игра нема голови во Пиреја.

- Оглас -

Најнови вести