Детроит го загуби и 22-риот натпревар во серија, Сан Антонио го изненади ЛА Лејкерс (Видео)

Лошата серија на Детроит нема крај, откако синоќа го загубија и 22-риот натпревар во серија. Тие беа поразени од Филаделфија со убедливи 124-92 и поставија негативен клупски рекорд. Ова е шесттата најдолга серија порази во НБА лигата, а апсолутниот рекорд изнесува 26 меча во низа. Ембид со 35 поени беше најефикасен на натпреварот.

Сан Антонио направи големо изненадување и го победи ЛА Лејкерс на домашен терен со 129-115. Освојувачот на првиот НБА-куп мечот го загуби уште во првата четвртина, која им припадна на домашните со 42-22. Најефикасен на мечот беше домашниот кошаркар Васел со 36 поени, додека Леброн Џејмс со 23 поени беше најпрецизен во екипата на ЛА Лејкерс.

Резултати:

Шарлот – Њу Орлеанс 107-112
Филаделфија – Детроит 124-92
Вашингтон – Индијана 137-123
Бостон – ЛА Лејкерс 129-115
Торонто – Аталанта 104-125
Мемфис – Хјустон 96-103
Феникс – Њујорк 122-139

- Оглас -

Најнови вести