Детроит има добра шанса првпат сезонава да врзе две победи по ред

Кливленд кавалирс – Детроит пистонс (кошарка, НБА, 01.00 часот)

Ова е дуел на два тима кои се надвор од плејоф-местата на Истокот, немаат добри резултати, па затоа гледаат шанса за излез од кризата и сите опции се во игра. Пистонс се малку подобри, завчера го растурија Сан Антонио, а Кавалирс дадоа солиден отпор против Милвоки. Детроит не победил на гости од 24 октомври, а две недели пред тоа, Пистонс во контролен меч го победија Кливленд дома со 109-105. Веруваме дека „клиповите“ конечно првпат сезонава ќе врзат две победи по ред.

Предлог тип: 2 (1.68)

 

Торонто репторс – Мајами хит (кошарка, НБА, 01.30 часот)

Според игрите и резултатите, ова е дерби на Истокот. Канадскиот тим има 15-4, Мајами е пријатно изненадување со 14-5. Торонто има седум победи по ред, дома не знае за пораз и секако е фаворит на хартија. Кај Мајами, ќе го нема Горан Драгиќ. Во минатата сезона, Торонто ги доби сите четири дуели против Хит. Жешките на гости имаат 6-5, а тоа нема да биде доволно да се запре десеттата победа по ред на Торонто пред своја публика.

Предлог тип: 1-1 (1.95)

 

Сан Антонио спарс – Хјустон рокетс (кошарка, НБА, 02.30 часот)

Спарс беше декласиран од Детроит, но тешко дека ќе може да се вади против тим кој викендов покажа дека знае да даде и над 150 поени. Сан Антонио има само три победи на последните 16 меча, а ослабени се со неиграњето на Олдриџ. Рокетс има два порази по ред на гостински терен и ова му е шанса да го разбие малерот. Лани, на 1 декември, Хјустон победи на паркетот на својот тексашки ривал со разлика од 31 поен.

Предлог тип: 2 (1.50)

 

Денвер нагетс – Лос Анџелес лејкерс (кошарка, НБА, 03.00 часот)

Ова се двете најдобри екипи на Западот, а и едните и другите загубија во претходните мечеви. Ако победи Денвер, ќе се изедначи со Лејкерс со по четири порази. Езерџиите се многу непријатни гости, ги совладаа сите на кои им гостуваа, но Денвер има 10 победи на последните 11 меча, а на свој терен има убава победничка серија. Нагетс е тим со најмалку примени поени во Лигата, но Лејкерс има моќен напад, па ќе биде интересно.

Предлог тип: >208.50 (1.95)

 

Лос Анџелес клиперс – Портланд трејлблејзерс (кошарка, НБА, 04.00 часот)

Портланд има три победи по ред и полека се доближува кон средината на западната табела, но поразот во Лос Анџелес делува неизбежен. Клиперс се трети на Западот, дома се многу незгодни, а овие тимови веќе се сретнаа на 8 ноември, кога Клиперс победија со 107-101. Клиперс се петти најерфикасен тим во НБА со просек од 115,4 поени по меч, додека Портланд доби сила во нападот со Кармело Ентони. За Клиперс ова е последен меч дома пред серијата од пет гостувања едноподруго.

Предлог тип: Т1 > 59.50 I (1.92)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести