Детроит направи чудо невидено – Беј погодуваше и од зад грб, го засени и историскиот рекорд на Јанг од 56 поени и 14 асистенции (Видео)

Садик Беј одигра феноменален меч за Детроит пистонс и му помогна на еден од најслабите тимови во НБА сезонава да го победи шампионот Милвоки бакс, и тоа на гостински терен.

Крилото на Пистонс погодуваше од сите позиции, а даде и кош од зад грб и со учинок од 34 поени, што му е рекорд на кариерата, го предводеше аутсајдерот до вистинска сензација и победа од 115:106 против Бакс.

https://twitter.com/DetroitPistons/status/1478203139216003073?s=20

Рекорд на кариерата и прв учинок од 50 или повеќе поени во 2022 година имаше фантастичниот бек на Атланта хоукс, Тре Јанг, но неговиот тим загуби со 136:131 од Портланд трејлблејзерс.

Јанг постигна 56 поени, а имаше и 14 асистенции, со што се запиша во историјата на НБА-лигата.

Ниту еден кошаркар пред Јанг не успеал да одигра меч со 55+ поени и 14+ асистенции.

Кај домаќините блескаше Енферни Симонс со 43 поени, што е исто така личен рекорд во НБА. Младиот бек на Портланд му ја посвети победата на својот дедо, кој почина еден ден претходно.

Резултати: Филаделфија – Хјустон 133:113, Вашингтон – Шарлот 124:121, Бруклин – Мемфис 104:118, Чикаго – Орландо 102:98, Милвоки – Детроит 106:115, Њу Орлеанс – Јута 104:115, Далас – Денвер 103:89, Портланд – Атланта 136:131, ЛА клиперс – Минесота 104:122.

- Оглас -

Најнови вести