Детроит по 51 година дочека прв пик на драфтот

Детроит пистонс првпат по 51 година го доби првиот пик на драфтот. Пистонси буквално го добија џек потот во лотаријата која се одржа ноќеска, по што се одреди по кој редослед ќе се бираат новите ѕвезди на НБА-лигата.

Последен прв пик на Детроит беше Боб Ланиер во 1970 година, пред тоа Џими Вокер во 1967 година беше прв избор за оваа франшиза.

Долго време помина откако Детроит доби место меѓу топ 3 пиковите, беше тоа во 2003 година со вториот пик на Дарко Миличиќ, односно по првиот пик на Кливленд со Леброн Џејмс, а пред Денвер и Кармело Ентони.

Екипите кои ќе бираат по Детроит редоследно се: Хјустон, Кливленд, Торонто, Орландо, Оклахома, Голден стејт, повторно Орландо, Сакраменто, Њу Орлеанс во топ 10.

- Оглас -

Најнови вести