„Детската грешка“ на Арсенал што не ја санкционираше судијата „изгоре“ еден необичен тикет (Фото)

Феноменални беа синоќешните два меча во Лигата на шампиони кои донесоа вкупно 10 гола. Реал Мадрид и Манчестер сити ремизираа 3:3, а Арсенал и Баерн Минхен одиграа 2:2.

Ваквиот расплет на дуелите донесоа многу добитни тикети во Sport Life на тие кои одиграа дека ќе има погодоци. Сепак, еден тикет остана без добивка и тоа поради еден судиски кикс.

Баерн Минхен смета дека е оштетен за недосуден пенал во Лондон, откако дефанзивата на Арсенал направи една банална грешка. Голманот ја намести топката на петерецот и со нога ја додаде кон Габриел Магаљаес. Во една таква ситуација, играта веќе треба да е во тек, а Габриел застана и со рака си ја намести топката.

Со самото тоа што реагираше со играње со рака, беше знак за играчите на Баерн да реагираат и да бараат пенал. Сепак, судијата остана „нем“ и реши играта да продолжи, а по мечот гостите од Минхен беа многу разочарани и револтирани посебно поради објаснувањето на арбитарот, кој објаснил дека Габриел направил „детска грешка“ и затоа не санкционирал пенал, посебно што се работело за многу сериозен меч во четвртфинале од ЛШ.

https://twitter.com/i/status/1777816716556283938

Токму оваа ситуација да нема пенал за Баерн по кој гостите ќе имаа голема шанса да постигнат трет погодок, донесе разочарување кај играч во Sport Life во Скопје. На тикетот е доиграно Баерн да постигне барем еден гол во првиот дел, а на крајот гостите да постигнат три погодоци. Вториот пар на тикетот е погоден, па останува разочарувањето дека за само 200 денари, тикетот кој вредеше 9.473 денари, на крајот остана недобитен.

- Оглас -

Најнови вести