Баварците бесни зошто не им бил досуден пенал и чудното објаснување на судијата (Видео)

Во Арсенал и Баерн Минхен беа незадоволни од судењето после ремито од 2-2, бидејќи на двата тима не им беше досуден по еден пенал.

Топчиите сметаа дека фаулот на Нојер над Сака во финишот е чист пенал, а и снимките покажуваат дека имаше елементи за најстрога казна, но и Баварците се оштетени.

При резултат 2-2, судијата му даде знак на голманот Давид Раја да ја шутне топлката во поле, а тој додаде кон Габриел Магаљаес, кој ја запре топката со рака и ја постави на петерцот за тој да ја почне акцијата.

Тренерот Томас Тухел откри и што им кажал судијата Глен Ниберг на играчите на Баерн кога барале пенал.

„Сметаме дека судијата направи огромна грешка што не досуди пенал. Најмногу ме налути објаснувањето. Судијата им рекол на нашите играчи дека тоа е ‘детска грешка‘ и дека никогаш нема да досуди пенал за такво нешто во четвртфинале на ЛШ. Тоа е ужасно објаснување. Според него играта со рака се дели на детска грешка, грешка на возрасен, итн. Беше направена сериозна грешка против нас“, рече Тухел.

 

Погледнете ја спорната ситуација и проценете дали требало да се досуди пенал:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести