Девет години се чекаше на една ваква победа во германскиот фудбал

Фудбалерите на Кил се на чекор од историски успех, прв пласман во Бундеслигата, откако во првиот меч од баражот за пласман во елитното германско друштво, на гости со 1:0 го победија Келн. Единствениот гол за гостите го постигна Лоренц во 59 минута.

Кил сезоната во Цвајте ја заврши на третото место, додека Келн беше на 16-ата позиција во Бундеслигата. Сега Кил има меч топка на свој терен и в сабота ќе се обиде за прв пат да се избори за место во елитното фудбалско друштво во Германија.

Победата на Кил е посебно значајна затоа што ова е прв пат во последните девет години еден тим од втората лига да победи прволигаш во бараж за пласман во елитата. Последен пат тоа му успеа на Фортуна Дизелдорф во 2012 година, кога победи со 2:1 на гости. Од тој меч, до вечерва, беа одиграни 17 мечеви во баражот, а второлигашка екипа немаше победа.

- Оглас -

Најнови вести