Девојче сакаше автограм од фудбалер на Барселона, тој случајно со автомобилот и помина преку нога (Видео)

Роналд Араухо, дефанзивецот на Барселона, случајно со автомобил помина преку ногата на една навивачка која бараше автограм, а клубот веднаш и укажа лекарска помош во својот центар.

Играчите на кои смета тренерот Чави Ернандез за дуелот во ЛШ против Викторија П’лзењ заминаа за Чешка, а останатите продолжија да тренираат во Барселона и меѓу нив беше токму Араухо.

Дефанзивецот излегувајќи од тренинг-центарот, случајно со автомобилот помина преку ногата на едно девојче кое чекаше автограм од ѕвездите на Барселона.

 

- Оглас -

Најнови вести