Девојка се разбуди од кома кога ја слушнала пораката од Франческо Тоти

Франческо Тоти со децении е еден од најомилените спортисти во цела Италија. Иако поминаа неколку години откако тој се пензионираше, уште е идол на многумина. Овојпат Тоти успеа да направи чудо за кое малкумина може да веруваат, пишуваат италијанските медиуми.

Иленија Матили е голем фан на Тоти и Рома, но и фудбалерка на Лацио, која во декември минатата година доживеала тешка сообраќајна несреќа. Во несреќата загина нејзината пријателка Мартина Оро (20), додека, по некое чудо, Иленија преживеала.

Со месеци девојката била во кома, а лекарите се обидувале на секаков начин да ја спасат. На крајот, Иленија Матили се разбудила од кома и тоа кога ја служнала видеопораката упатена од Франческо Тоти.

„Иленија, немој да се откажуваш. Ќе успееш, сите сме со тебе“, рекол Тоти во пораката. Кратко време откако ја слушнала оваа порака, девојката се разбудила од кома.

Родителите на Иленија сега го поканија Тоти да се запознае со девојката и лично да му се заблагодарат. „Вашиот фантастичен глас во комбинација со страста и љубовта која Иленија отсекогаш ја имала кон Рома, помогна таа да се разбуди и повторно да се смее. Драг Франческо, што може да сториме за тебе? Иленија те чека и се радуваме што ќе те запознаеме“, порачаа родителите на девојката.

Принцот на Рим со оваа случка уште еднаш потврди дека е многу повеќе од само еден фудбалер.

 

- Оглас -

Најнови вести