Дежа Ву за Жардим, Монако повторно го отпушти Португалецот

Леонардо Жардим не издржа долго на клупата на Монако во кам-бекот во кнежевството и денеска доби отказ. Португалецот настрада, а клучен беше поразот од Лил.

Жардим има интересна приказна што за кус период од две години го претвори од јунак на Монако во трагичар. Во убавите времиња со него на клупата Монако ја освои титулата во Франција, а во 2017 година играше и во полуфиналето на Лигата на шампионите.

Но, потоа беше отпуштен и вратен на позицијата главен тренер во кус период од три месеци. Го наследи легендарниот Тјери Анри при кам-бекот во јануари годинава, но сега и тој доживеа повторно да се раздели со Монако.

Се најавува дека наследник на Португалецот на клупата на Монако ќе биде поранешнито тренер на Валенсија, Марселино.

- Оглас -

Најнови вести