Џабе се објаснуваа по мечот – На 12 натпревари немаат победа, бесните навивачи ги фатија во обрач (Видео)

Фудбалерите на Ридинг се најдоа во непријатна ситуација по ремито без голови против Питерборо, што им е 12-ти меч по ред без победа, па имаа многу проблеми со навивачите.

По мечот што го играа на гости, дел од фубалерите се обидоа да се извинат и да им објаснат на навивачите дека сè ќе сторат за да ја прекинат црната серија без триумф во 2022 година, но сè беше џабе.

Reading’s Andy Yiadom talking to unhappy fans after their result tonight from soccer

Иако се чинеше дека по реакцијата и конверзацијата на Енди Јијадом со гостинските симпатизери проблемот стивна, сепак допрва следуваше непријатно сценарио за играчите на Ридинг.

Навивачите не го надминаа бесот од лошите игри на својот клуб миленик и го стегнаа автобусот на Ридинг во обрач веднаш по напуштањето на стадионот на Питерборо.

Ридинг лани остана покус за една позиција за настап во плејофот за промоција во Премиер лигата, а оваа сезона е на едно ниво пред зоната за испаѓање во Чемпионшип лигата.

- Оглас -

Најнови вести