Џабе е Кејн во тимот кога Тотенхем не може да го победи Рен

Иако го имаа Хари Кејн во стартната постава, екипата на Тотенхем одигра само 2:2 против Рен во меч од првото коло од Конференциската лига на Европа. Иако на теренот беше 54 минути, не успеа да се запише во листата на стрелците. Покрај него, на овој меч играа и новите засилувања Брајан Хил и Емерсон Ројал, како и Деле Али, Лукас, Стивен Бергвајн и уште неколку звучни имиња.

Петлите поведоа благодарение на автоголот на Лоик Баде во 11-тата минута, а израмнувањето стигна преку Флавиен Таит (23-та минута). Во второто полувреме, Гетан Лаборд навести дека Рен може да се радува на победата, но такво нешто не дозволи Пер Хојбјерг.

- Оглас -

Најнови вести