Џабе е „снајперот“ Кудуз кога Вардар немаше сили за сензација против Кил

Екипата на Вардар загуби со 32:30 на гостувањето кај Кил во рамките на деветтото коло од групата А во Лигата на шампионите.

И во двете полувремиња нашиот претставник имаше големи падови во играта, но на крајот не успеваше да се издигне.

Анте Кудуз имаше блескава партија од девет голови од исто толку упатени удари.

Иако во воведните напади од вториот дел Црвено-црните се држеа со головите на Тото и Кудуз (18:17, 19:18), сепак, Кил покажа стабилност и почна да „билда“ предност, која во 39-тата минута со голот на Сагосен изнесуваше +5 (24:19).

Кон самиот крај, нашиот првак успеа да се врати во неизвесност, но домаќините не дозволија камбек за конечни 32:30.

Најефикасен во редовите на Вардар беше токму Кудуз со девет голови, а кај домашниот тим најмногу погодуваше Сагосен, кој стрелаше успешно осум пати.

- Оглас -

Најнови вести