Џабе е ВАР кога судијата ништо не гледа ни на забавена снимка, и досуди непостоечки пенал (Видео)

Голема судиска неправда се случи на натпреварот од африканската Лига на шампиони, помеѓу Ал Ахли и Раџа Казабланка. Ал Ахли победи со 2-1, а првиот гол со кој поведоа со 1-0, беше постигнат од пенал, и тоа непостоечки.

Судијата замина на монитор да гледа забавена снимка од еден спорен момент, и кога се врати на терен, ги шокираше Мароканците, наместо корнер, досуди пенал за Ал Ахли. На снимката се гледа дека топката не го удри во рака дефанзивецот, туку дека топката од нога се одби во корнер.

Во второто полувреме судијата досуди уште еден пенал за Ал Ахли, тогаш имаше и оправдан црвен картон, но тој пенал не беше реализиран, па Раџа има добра шанса на реваншот дома да се пласира во полуфиналето.

- Оглас -

Најнови вести