Џабе им е најкорисниот во НБА, Грците не стигнаа ни до четвртфинале на СП

Грција ја совлада Чешка со 84-77, но по завршувањето на натпреварот, Чесите беа тие што се радуваа, затоа што ним им одговараше пораз до 11 поени разлика. Нашите јужни соседи бркаа триумф од барем 12 поени, но не успеаја, и за нив влезот меѓу осумте најдобри на Мундобаскетот во Кина остана неостварена желба.

Се покажа дека пресуден беше поразот од Бразил, а Чесите го победија Бразил.

На пет и пол минути до крајот, при 67-57 за Грција, нашиот јужен сосед остана без Јанис Адетокумбо кој ја направи петтата лична грешка. Главниот грчки играч заврши со 12 поени, 9 скока и четири асистенции, но неговото заминување на клупата беше психолошки удар за тимот, и олеснување за противникот.

Бохачик со 25 поени беше најефикасен во чешкиот национален тим кој погоди 21 од 22 слободни фрлања, а Саторански и Ауда дадоа по 13. Калатес со 27 поени беше најефикасен во редовите на поразената Грција.

Местото на Чешка во четвртфиналето уште не е заарантирано, тие чекаат победа на САД против Бразил. Ако слават „кариоките“ против Американците, Чешка ќе биде елиминирана.

- Оглас -

Најнови вести