Веќе се знае кој ќе ја освои лигата на Европа?

Предмалку станаа познати сите патници во осмина-финалето од Европа лигата, а во понеделник во 13:00 часот ќе ги дознаеме и кои се паровите, веќе се знае кој ќе го освои ова натпреварување.

Да расчистиме, не дека имаме некаква „дојава“ од УЕФА, туку едноставно, Севиља своите натпревари ќе ги продолжи тука.

Клубот кој што како од шега го освојува ова натпреварување, го повтори познатиот „круг“ а тој е.

Пласман во Лигата на шампионите, завршување на третото место во групата, па освојување на Европа лигата.

Севиља до сега има шест титули во Купот на УЕФА и Европа Лигата, но, од кога е променето името, односно во 2009 година, дури четири пати го имаат освојувано овој трофеј.

Последен пат тоа беше пред две сезони кога во финалето го совладаа Интер со 3:2.

Еве ги кои сите останати тимови се пласираа во второто по квалитет натпреварување во Европа и кој со кого може да игра.

Екипите кои што испаднаа од Лигата на шампионите заедно со второпласираните тимови од групната фаза од Европа лигата ќе играат во шеснаестина финалето а тоа се: Реал Сосиедад, Олимпијакос, Бетис, Наполи, Лацио, Брага, Динамо Загреб, Лајпциг, Порто, Борусија Дортмунд, Севиља, Аталанта, Лајпциг, Барселона, Зенит и Шериф Тираспољ.

Екипите што испаднаа од Лигата на шампионите нема да можат да играат против себе. Додека, пак, во осмина-финалето сигурни се: Лион, Монако, Вест Хем, Баер Леверкузен, Црвена Звезда, Галатасарај, Ајнтрахт Франкфурт и Спартак Москва.

 

- Оглас -

Најнови вести