Џабе му се сите пари на светот на ПСЖ, Бриж покажа како фудбалот се игра со срце

Дека во фудбалот не се парите најважни, се покажа уште еднаш, и тоа на мечот кој многумина го очекуваа со големо нетрпение. Пари Сен Жермен гостуваше кај Бриж, а во нападот на гостите за првпат во стартниот тим беа суперѕвездите Лионел Меси, Нејмар и Килијан Мбапе. Меси е единствениот играч во историјата со шест Златни топки, а Нејмар и Мбапе се двајцата најскапи играчи во историјата за еден направен трансфер.

И со вакво неверојатно трио во нападот, ПСЖ не успеа да победи на гостувањето во Бриж. Не само што заврши 1:1, туку Бриж покажа дека не се плаши од големите ѕвезди. На крајот, статистиката покажа дека домашниот тим играл одлично и упатил 15 шута кон голот на Светците (шест удари помалку упати ПСЖ), а Бриж изведе и шест корнери, додека фаворитот имаше само два шута од аголот.

Според пресметките на двата тима кои беа на теренот, ПСЖ имаше седумпати поскап тим, но на теренот играчите на Бриж покажаа како се игра со срце и дека не се плашат од никого.

 

- Оглас -

Најнови вести