Џабе патувањето до Фарски Острови, мечот одложен за јуни

Репрезентациите на Фарски Острови и Македонија за фудбалери до 21 година сепак нема да го одиграат денешниот натпревар од квалификациите за Европското првенство. Судиите и делегатот направија инспекција на замрзнатиот терен и ја известија УЕФА за состојбата, по што беше донесена одлука средбата да се одложи.

Наместо денеска, дуелот ќе се игра во јуни, кога времето е потопло и теренот сигурно нема да биде со мраз. Безбедноста на фудбалерите е на прво место и домаќините бараа да не се игра бидејќи опасноста од повреди беше преголема.

Избраниците на Благоја Милевски попусто патуваа до далечната мала островска земја. Следниот меч за младата селекција од овој циклус ќе биде на 26 март.

- Оглас -

Најнови вести