Џабе беа протестите – Салман ја доби најважната дозвола, нема веќе пречки да биде сопственик на Њукасл

Принцот Мохамед бин Салман ја доби најважната дозвола да го преземе Њукасл, а според националната телевизија на Саудиска Арабија, веќе добил зелено светло од Премиер лигата за да биде и потврден како нов сопственик на англсикиот клуб.

Неочекувани проблеми се појавија со протестот на неколку организациии кои се борат за човековите права, меѓу нив и „Амнести Интернешнл“, кои предупредуваа дека принцот ги крши правата на луѓето во својата земја.

Голем противник на Бин Салман е и вереницата на убиениот новинар Џамал Хашоги. Хатиџе Џенгиз се обрати посебно до навивачите на Њукасл да сторат сè за принцот да не успее да ја заврши веќе најавената купопродажба на англискиот прволигаш.

Токму Бин Салман е осомничен дека вмешал прсти во убиството на Хашоги во 2018 година. Познатиот новинар беше мачен и убиен во конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул.

Сепак, според најновата информација, трансферот на власта во Њукасл ќе се случи, а Мајк Ешли му го продаде клубот на Бин Салман за сума од 300 милиони фунти.

- Оглас -

Најнови вести