Џабе се рекордите на Роналдо кога останатите од Манчестер јунајтед правата историски утки (ФОТО)

Манчестер јунајтед има недела за заборав. Откако против Ливерпул примија четири, денеска со Арсенал три пати ја вадеа топката од својата мрежа.

Со тоа, шансите дека овој тим наредната сезона ќе игра во Лигата на шампионите се минимални, а навистина жално ќе биде да се гледа еден Кристијано Роналдо во Лигата на Европа, додека ќе биде трагедија тој да игра во Конференциската лига.

За Манчестер јунајтед ова се четири едноподруго порази на гостински терен, нешто што не им се случило од 1980/81 сезона кога шест средби по ред ги губеле на гости.

Пеналот кој што го промаши Бруно Фернандеш е втор за него сезонава, а претходно еден играч на овој тим кој што промашил два пенали во една натпреварувачка година е Теди Шерингам во сезоната 1997/98.

- Оглас -

Најнови вести