Џака многу ќе им недостасува на Швајцарците во четвртфиналето

Плејмејкерот и капитен на швајцарската репрезентација, Гранит Џака, е еден од клучните играчи во тимот на селекторот Владимир Петковиќ, лидер на теренот, секогаш дава максимум и затоа отсуството на Џака во четвртфиналето на ЕП против Шпанија е огромен хендикеп за Швајцарците.

Џака поради приговор, доби жолт картон во осминафиналето против Франција, негов втор на шампионатот, па затоа е суспендиран и не може да игра против Црвената фурија. Шпанците имаат моќен среден ред, а неиграњето на Џака ја ослабнува средината на Швајцарците, што може да биде и клучно.

Џака двата картони на ова ЕВРО 2020 ги доби за приговор и затоа сега ќе плати за „долгиот јазик“ со тоа што на важниот дуел против Шпанија наместо на теренот, ќе мора да биде на трибините во Санкт Петербург.

На годинешното ЕП, Џака има 90,1 проценти успешност на додавањата, а имал вкупно 181 додавање нанапред, со што е најдобар на првенството од тие што останаа во игра за трофејот.

- Оглас -

Најнови вести