Џака: Шансите се 55-45 за Франција

Капитенот на швајцарската репрезентација, Гранит Џака, изјави дека неговиот тим има сили да приреди изненадување во осминафиналето на ЕП 2020, каде што за противник го имаат светскиот шампион Франција. Овој дуел се игра вечерва во Букурешт, а Французите не само на овој меч, туку важат и за главни фаворити на целиот турнир.

„На хартија, Франција е фаворит и ние го знаеме тоа. Тие се светски шампиони, но ние не треба да се предаваме. Не смееме да си се потценуваме, мислам шансите за пласман понатаму се 55-45 за Франција“, рече Џака.

Според Џака, најважен играч на Французите е Н’голо Канте.

„Франција има многу силен напад, но играчите за врска им се многу важни. Канте трча и освојува топки како да има осум бели дробови. Тој и Погба се најважните нивни играчи, но ние нема да се криеме од нив“, додава Џака, кој на средината на теренот ќе треба да води битка токму со Канте и Погба.

- Оглас -

Најнови вести