Џака со еден потег можеше да го прати Кејн во рана пензија (видео)

Уште еден драматичен натпревар одиграа Тотенхем и Арсенал во саботното дерби во 29-тото коло во Премиер лигата. Градските ривали ремизираа при конечни 1-1, Хари Кејн во 74-тата минута од белата точка го неутрализираше погодокот за водство на Арон Ремзи, додека Љорис спаси бод за својата екипа откако му го одбрани пеналот на Обамејанг во првата минута од судиското надополнување.

Пред крајот на мечот „топчиите“ останаа со играч помалку откако Тореира немилосрдно стартуваше врз Роус и заработи директен црвен картон, но ако арбитарот Мартин телјор требаше да исклучи играч на гостите, тоа требаше да го направи во 13-тата минута од средбата на „Вембли“.

Кејн ја водеше топката по средината на теренот, кога Џака се пушти во старт зад Англичанецот и јасно се гледа дека немаше намера да ја одземе топката, туку со двете нозе го удри Кејн. Домашните навивачи останаа во неверување, како Швајцарецот не доби црвен картон, ниту беше досуден фаул за Тотенхем по овој старт, кој можеше да биде трагичен за Кејн. За среќа не дојде до повреда.

https://streamable.com/c62ow

- Оглас -

Најнови вести