Џани е подготвен да дебитира за Ал-Ахли

Езѓан Алиоски преку социјалните мрежи покажа колку е возбуден што ја стартува својата кариера во Ал-Ахли и веројатно вечерва ќе го оствари своето деби за новата екипа.

Ал-Ахли го пречекува тимот на Ал-Фајсали (19:55 часот) во премиерното коло од новата сезона во првенството на Саудиска Арабија, меч во кој популарниот Џани треба да се најде во составот на домаќините и да ги запише првите минути.

„Ден за натпревар“, напиша Алиоски на својата објава, како потврда дека е подготвен и за првпат ќе го облече дресот на Ал-Ахли.

- Оглас -

Најнови вести