Џани шоу: Алиоски седнат на топка, го чувствува ритамот на арапската музика (Видео)

Езџан Алиоски имаше асистенција за четвртиот гол во победата на Ал Ахли од 4-0 против Ал Етифак, а македонскиот репрезентативец во своите однесување веќе ги освојува срцата на фановите во Саудиска Арабија.

Популарниот Џани по натпреварот го фрли својот дрес кон трибините, па еден навивач си замина дома во вреден сувенир. Македонецот го следат и снимаат како и секоја ѕвезда, па така, немаше шанса да не биде фатен како си седна на топката и почна со ногата да држи ритам слушајќи ја музиката од разгласот на стадионот.

Алиоски го сподели клипот и порача: „Ги чувствувам музиката и навивачите“.

- Оглас -

Најнови вести