Џани скандалозно кроеше минути на Африканскиот куп, ФИФА го награди да суди на Мундијалот во Катар

Џани Сиказве предизвика лавина од коментари и претрпе невидени критики, откако на чуден начин го оштети Тунис на фриканскиот куп на нации, а ФИФА замижа по скандалозното судење и го награди Замбиецот да учествува на Мундијалот во Катар.

Сиказве драстично го оштети Тунис на мечот со Мали и при резултат 0:1 досуди крај порани не чекајќи ги регуларните 90 минути и вообичаеното судиско продолжение, иако имаше доста прекини и измени кај двете репрезентации.

Скандалот ги разбесни Тунижаните, а одлуката на Сиквазе беше долго предмет на расправа и дури наиде и на потсмев кај љубителите на фудбалот.

Сиквазе беше суспендиран од африканската фудбалска асоцијација, но сепак ФИФА одлучи да ја игнорира ситуацијата и му дава шанса на судијата кројач на минутажа да суди на Мундијалот во Катар во ноември и декември оваа година.

 

- Оглас -

Најнови вести