Џани со емотивна порака: Горан Пандев, ти си вечна инспирација за мене, благодарам Игор Ангеловски што ни овозможи да испишеме историја

Езџан Алиоски не ги заборави двете најважни алки од златната генерација што за првпат учествуваше на големо натпревраување и со емотивна порака се збогува со капитенот Горан Пандев и со селекторот Игор Ангеловски, кои се простија од репрезентацијата по настапот на Европското првенство.

„Горан Пандев, секогаш ми беше голема инспирација и засекогаш ќе останеш светол пример. Игор Ангеловски, во овие шест години заедно ни овозможи да испишеме историја. Нема зборови со кои можам да се заблагодарам“, напиша популарниот Џани на „Инстаграм“.

Пандев се збогува од дресот со национални бои по 122 меча за Македонија, а последен натпревар му беше против Холанѓаните завчера на „Јохан Кројф арената“.

Ангеловски е првиот селектор на Македонија што успеа да не одведе на големо натпреварување, со деби настап на нашата селекција на Европското првенство што е во тек.

 

- Оглас -

Најнови вести