Џејмс и Дејвис доминираа, но хит против Хит беше бананата на Колдвел-Поуп (Видео)

Леброн Џејмс и Ентони Дејвис доминираа на првиот меч од финалето во НБА-лигата и се првиот тандем на Лос Анџелес лејкерс со учинок од 25 или повеќе поени поединечно од 2004 година, но најатрактивен потег на мечот со Мајами хит имаше бекот Кентавиус Колдвел-Поуп.

Популарниот Кеј-Си-Пи на фантастичен начин со банана го сопре налетот на Тајлер Хиро, кој се обиде да забие, но не успеа покрај расположениот бек на Лос Анџелес лејкерс.

Тимот од Лос Анџелес славеше убедливо со 116:98 во стартниот меч за титулата во НБА, а ривалот остана без двајца значајни кошаркари, Горан Драгиќ и Бем Адебајо, кои се повредија.

- Оглас -

Најнови вести