Џејмс Медисон донесе радост за Тотенхем на дербито со Манчестер јунајтед (Видео)

Тотенхем стигна до деветтата победа во Премиер лигата оваа сезона, втора последовна, откако на домашен терен славеше против Манчестер јунајтед со 1-0. Тимот на Анге Постекоглу беше подобар ривал и заслужено ги освои трите бода, со погодокот на Џејмс Медисон во 13-та минута од мечот.

Манчестер јунајтед имаше неколку шанси за израмнување, но Зиркзе и Хојлунд не беа прецизни.

Ѓаволите по овој пораз се наоѓаат на 15-та позиција на табелата.

- Оглас -

Најнови вести