Џејмс: Не би поднел откажување на сезоната

Точно по една деценија, ЛА лејкерс повторно се конкуренти за шампионската титула во НБА-лигата. Езерџиите, според учинокот, се најефикасни во Западната конференција, а според квалитетот на ростерот се и меѓу фаворитите за тронот. Првата ѕвезда на Лејкерс, Леброн Џејмс, смета дека не би поднел доколку сезоната се откаже, а посочи дека треба да се доигра ако постои најмала шанса за такво нешто.

„Верувам дека ќе се вратиме на спортските активности штом пандемијата биде ставена под контрола. Мислам дека нема да се помирам со фактот ако сезоната се откаже. Цела сезона работевме напорно да ја оствариме нашата цел, а тоа е да бидеме шампиони. Верувам дека сме во добра позиција да се бориме за титулата и да им донесеме радост на навивачите. Сепак, што и да се одлучи, јас сум горд на оваа екипа бидејќи постигнавме многу до моментот кога сезоната се прекина“, истакна Џејмс.

Сезоната во НБА-лигата се прекина привремено на 11 март, до тој момент Лејкерси беа лидери на Западот со учинок 49-14.

- Оглас -

Најнови вести