Џејмс Варди: “Саудиска Арабија не е добро место за мене и моето семејство“

Напаѓачот на Лестер, Џејмс Варди, експресно ја одби понудата од клубот Ал-Калеј од Саудиска Арабија и останува да игра во Англија. Тој има уште една година од договорот со Лестер кој оваа сезона испадна од Премиер лигата и најверојатно ќе остане да игра за клубот со кој го освои англиското првенство и во Чемпионшип.

Варди за англиските медиуми кажал дека Саудиска Арабија не е добро место за живеење за него и неговото семејство и дека ќе остане во Англија, бидејќи тука ја мина целата кариера и нема намера да се сели.

Деталите од понудата на Ал-Калеј не се познати.

- Оглас -

Најнови вести