Џеко нема да добие нов договор во Интер и ќе си замине од Европа по крајот на сезоната

Един Џеко нема да добие нов договор од Интер. Ваква вест објавија италијанските медиуми кои што ја најавуваат и следната можна дестинација на „дијамантот“.

Таа би можела да биде Америка и МЛС лигата, или пак некој тим од шампионатот на Катар. Со доаѓањето на Лукаку, Џеко падна во втор план иако во последно време играше поради повреда на Белгијанецот.

Сепак, Интер нема да сметаат на неговите услуги, пред сè поради годините (36). Репрезентативецот на БиХ дојде во „нероаѕурите“ на почетокот на минатата сезона а одтогаш на 43 натпревари постигна 14 погодоци.

 

- Оглас -

Најнови вести