Џеко во Интер, Игуаин во Рома

Италијанските медиуми веќе со недели пишуваат дека Един Џеко од Рома ќе заврши во Интер. Потврда за овој трансфер уште нема, но Римската волчица дефинитивно сака да доведе квалитетен напаѓач каков што е Џеко. За реализација на овој трансфер, Нераѕурите се подготвени да платат 13 милиони евра, пари кои челниците на Рома веднаш би ги вложиле во доведување нов играч.

Италијанскиот „Калчомеркато“ објави дека желба на Рома е Гонзало Игуаин. Аргентинскиот напаѓач играше како позајмен во Челзи, но по завршувањето на сезоната, се врати во Јувентус. Игуаин тешко дека ќе може да се избори за место во Старата дама, па продажба во тим каков што е Рома би била идеална опција за него.

Игуаин е еден од омилените играчи на новиот тренер на Јувентус, Маурицио Сари, но проблем е тоа што челниците на Јувентус веќе го имаат ставено овој играч на трансфер-листата.

- Оглас -

Најнови вести