Џенова почна процес на продажба, новиот газда се надева на почеток во Серија А

Џенова на својот клупски сајт објави дека е ангажирана консултантската куќа „Assietta SpA“ со цел да помогне при продажбата на клубот што е веќе извесна варијанта.

Горан Пандев ако остане во клубот, ќе има нов сопственик, а прашање е само од каде ќе биде стартот на новите газди на Џенова.

Клубот игра во Серија А, но грчевито се бори за опстанок и е неизвесно дали ќе продолжи во Калчото или ќе се пресели во Серија Б.

Името на новите сопственици сè уште не се објавува, но процесот е почнат. Пандев има понуда да остане уште една сезона во клубот со долга традиција, кој е формиран во 1893 година.

- Оглас -

Најнови вести